МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ГО СМАЧКА НОТИНГЕМ ФОРЕСТ СО УБЕДЛИВИ 5-0 ВКУПЕН РЕЗУЛТАТ И ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ЊУКАСЛ ВО КАРАБАО КУПОТ

0
416

Манчестер Јунајтед ја потврди фаворитската улога и само ја доработи задачата која ја започна на првиот меч против Нотингем Форест, па така по триумфот од 0:3, вечерва славеше и на „Олд Трафорд“.

Во еден не толку интересен меч на театарот на соништата, избраниците на Тен Хаг сепак направија разлика во самата завршница, односно во две акции го решија прашањето околу победникот.

Патникот во големото финале на „Вембли“ секако беше познат, но Марсијал и Фред се погрижија за 12-та победа во низа на домашен терен и ја продолжија добрата серија на тимот.

Посебно импресивен беше погодокот кој го постигна Фред, кој всушност ја имаше најлесната задача по акцијата која му ја сервираа Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд.

Португалецот мајсторски со надворешна го проигра Маркус, а овој несебично додаде до осамениот Фред кој стрелаше во празната мрежа. Противникт на Манчестер Јунајтед во големото финале во Лига Купот ќе биде тимот на Њукасл.