Манчевски: Нема да бркаме јавна администрација ќе ја реорганизираме

0
1383

Нема да има бркање од работа во државната администрација, но ќе се прави реорганизација за поголема ефикасност на државната служба, изјави министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во интервјуто за Макфакс.

Манчевски вели дека се прават анализи да се дојде до точната бројка на вработени во јавниот сектор.

 – Бројката на вработени е околу 120.000 илјади.Работиме на обработка на податоци и во скоро време ќе ја имаме точна бројка. Свесни сме дека ова бројка е висока, но ќе се обидеме да направиме, реорганизација и релокација на ресурсите со цел сите овие вработени луѓе да бидат ефикасни. Првично за што се залагаме, а како што најавивме е луѓето да се ослободат од партиските стеги. Нема да има повеќе притисоци врз административците, нивна задача е да работат совесно, транспарентно и во рамките на законот. Мора веќе да се смени тој однос, кон државните службеници – вели Манчевски.

Најави дека ќе им се најадат места и на 1.600 административци кои не се ангажирани и седат дома.

Манчевски рече дека и во државната служба и покрај големата бројка на вработени има недостиг од стручни кадри, пред се од областа на ИТ секторот.