Манчевски: Апликацијата гарантира заштита на приватноста, а дава брз одговор на лекарите со кого заразениот бил во контакт

0
973

Сите граѓани од денеска на своите мобилни уреди може да ја преземат апликација „Стоп корона“ – наменета за откривање на близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да помогнат во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење.

За да ја постигне својата цел апликацијата е потребно масовно да се користи и преземе од сите граѓани.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, нагласи дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, не ги следи контактите и не користи, локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат, а единствен податок што го бара е мобилниот број на корисникот.

– Апелирам до сите граѓани што помасовно да ја преземат оваа апликација. Со помош на апликацијата сите даваме личен придонес во колективната борба со оваа наша заедничка опасност. Со апликацијата им помагаме и на здравствените работници кои секој ден се првата линија на борбата, изјави Манчевски.

Апликацијата функционира на принцип на анонимизирани шифри, така што, дава брз одговор на здравствените работници со кои лица бил заразениот во контакт во последните 14 дена, помага да се информираат потенцијално инфицираните лица за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување и помага за растoварување на здрваствените работници во поглед на анкетирањето на контактите со заболените.

– Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата. Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Министерството за здравство и ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви или некаде се чува податок за сопственикот на бројот, изјави Манчевски.

За еден ден апликацијата  без официјална најава, веќе ја имаат активирано 5 000 корисници.

Апликацијата „Стоп корона“ е донацијата од македонската компанија „Нексенс“.