Малчевски : Во немање на што да му понудат на своите гласачи им нудат приказни за двојазичност

0
1749

Во немање на што да му понудат на своите гласачи им нудат приказни за двојазичност. Добро, ок!

Но, треба да им кажат кој ќе ја плати таа двојазичност, т.е. еден куп непотребни вработувања во администрација!

Господо политиканти ќе им објасните ли на граѓаните, а посебно на бизнисмените дека ова дополнително оптоварување на администрацијата ќе треба да го платат тие?

Како ќе се оправдаат ваквите вработувања по администрација во Берово, Делчево, Пехчево, Кочани, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Струмица, Штип, Прилеп. Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Богданци, Дојран итн..

Како ќе оправдате една ваква идиотска одлука без ПОПИС?

Треба да сватите дека една ваква квази националистичка реторика отвара простор за нова сериозна политичка опција со национален предзнак!

Фејсбук статус на професор Самоил Малчевски