МАЛАТА АМРА ИЗВОЈУВА ПОБЕДА – ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СООПШТИ ДЕКА БЕБЕТО ЌЕ ИМА НОРМАЛЕН РАСТ И РАЗВОЈ

0
813

Филипче кој по минисерската позиција се врати на Клиниката за неврохиругија каде што работи како хирург, напиша дека шестмесечната Амра е вистинска хероина.
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека операцијата на малата Амра е успешна и таа ќе има нормален раст и развој во иднина.

Филипче кој по минисерската позиција се врати на Клиниката за неврохиругија каде што работи како хирург, напиша дека шестмесечната Амра е вистинска хероина.

„Амра е шестмесечно бебе која извојува победа во важна животна битка. Вистинска мала хероина, во моментов моја најмала пациентка на Клиниката за неврохирургија, која се избори со тешка операција. Амра сега ќе има нормален раст и развој. И посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“, напиша Филипче.
Тој, соопшти дека фотографијата ја објавил откако макјата на бебето му дозволила.