МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРА КАКО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВО, ОТКАКО СДСМ НЕ МУ ДАДЕ ПОДДРШКА

0
1208

На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници. (Фото: СДК.МК)

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на претстојните избори на 17 октомври, откако матичната партија СДСМ не му даде поддршка. Тој потврди за САКАМДАКАЖАМ дека утринава ја поднел кандидатурата и во тек е собирање на потписи, но повеќе информации најави за прес-конференцијата во 14 часот, на Спомен-костурницата во Куманово.

 

На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници.

Кандидатурата на Димитриевски како независен кандидат уследи откако СДСМ не му даде поддршка за уште еден мандат. Иако партијата уште калкулира и не го објавува името на кандидатот за Куманово, очигледно е дека Димитриевски не е фаворит и покрај тоа што има највисок рејтинг на анкетите.

На извршниот одбор на партијата, кој се одржа пред два дена, имало жестока расправија токму околу кандидатот за Куманово. Кандидати за градоначалници на СДСМ покрај Димитриевски, се и пратеникот Мартин Костовски, Оливер Илиевски, секретар на СДСМ Куманово, претседателката на Советот Атина Мургашанска, директорката на Кумановската болница Снежана Захариева и поранешниот пратеник Љубиша Николиќ .