МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ПОШУМУВАЊЕ НА ЛОКАЛИТЕТОТ СПОМЕН КОСТУРНИЦА СО 200 КВАЛИТЕТНИ САДНИЦИ

0
595
радоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, информираше
дека денеска со Денот на пролетта и екологијата 21 март, се започна со
низа еколошки акции и акции за пошумување кои беа претходно најавени.
„Од страна на екипите на ЈП Чистота и Зеленило е организирана акција за
пошумување на локалитетот спомен Костурница со 200 квалитетни садници.
Паралелно со оваа акција во соработка со општинските основни и средни
училишта се врши пошумување на повеќе различни локации во Куманово. Во
следниот период ќе продолжиме со низа еколошки акции за чистење и
раззеленување на наше Куманово“, рече Димитриевски.
Тој посочи дека заштитата на животната средина продолжува да биде
водилка во работењето на Општина Куманово.
„Изминативе години спроведовме повеќе проекти што се однесуваат на
заштита на животната средина, зголемување на зелените површини и јавната
свест за грижа на природата. Засадивме повеќе од 15 илјади садници,
поставивме нови дрвореди и расчистивме повеќе од 100 диви депонии. Во
следниве четири години предвидуваме изградба на неколку нови паркови, а
во моментов активно се работи на реконструкција на постоечкиот градски
парк“, потенцира Димитриевски.