МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ЗАПОЧНАВМЕ СО ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПАРК ВО КУМАНОВО

0
470
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека
започна целосната реконструкција на градскиот парк и Куманово добива нов
простор за спорт и рекреација, како што доликува на еден модерен и урбан
град.

„Куманово добива нов простор за спорт и рекреација, со нови пешачки
патеки, нови смарт клупи, соларни канделабри, ново детско катче, простор
за домашни миленици, нов спортски терен, нова фонтана, нов паркинг
простор и платформа за одржување настани на отворено. Со друг проект е
предвидена целосна реконструкција на улица Братство и единство со
тротоари, а се подготвува и дополнително нејзино поврзување со булевар
Октомвриска Револуција. Куманово продолжува да се развива, Kуманово
продолжува да се менува!“, рече Димитриевски.
Со почит,