Македонски телеком во канџите на РЕЖИМОТ: Министри од ВМРО-ДПМНЕ даваат насоки за регрутирање на гласачи во телекомуникациските компании

0
951

Последните разговори што ги објави СДСМ ја покажуваат спрегата на власта со телекомуниакиските компании, пред се Македонски Телеком, кој е во делумна државна сопственост.

telekom

Првиот разговор открива како Миле Јанакиески дава насоки да се лоцираат луѓе во Телеком според партиската подобност, кои треба да гласаат на избори, доколку не сакаат да бидат отпуштени.

Другиот разговор, пак, посочува дека Гордана Јанкуловска сугерира да се лоцираат граѓани преку операторите, според местото од каде купиле телефонски апарат и сим-картичка.