Македонски бизнисмен и праќа порака на својата жена: Јас сум во Холидеј Ин со мојата 25 годишна секретарка …

0
6829

Маж бизнисмен и испраќа порака на жена си: Драга, верувам дека ќе ме разбереш, сега кога ти имаш 54 години, имам потреби кои ти повеќе не можеш да ги задоволиш.

Јас сум многу среќен со тебе, ти си прекрасна сопруга и искрено се надевам дека нема да реагираш болно откако ќе ти кажам дека сум во Холидеј Ин со Валентина, мојата 25 годишна секретарка. Не грижи се, ќе бидам дома пред полноќ.

Кога мажот пристигнува дома наоѓа белешка на масата:

Драги, ја добив твојата порака и многу сум ти благодарна за твојата загриженост. Да те потсетам само дека и ти имаш 54 години.

И да те информирам дека кога ќе ја читаш оваа белешка јас веќе ќе сум во хотелот Rusia на Самсоненко со Марко, мојот тренер по тенис, кој исто како и твојата секретарка има 25 години.

Бидејќи си паметен и успешен бизнисмен и ги разбираш бројките, ќе сфатиш дека околностите се слични но со мала разлика, 25 влегува повеќе пати во 54, отколку 54 во 25… Затоа не ме чекај порано од утре попладне…