Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

МАКЕДОНСКИТЕ ВЕТЕРАНИ ЈА ПОБЕДИЈА БУГАРИЈА ВО ХУМАНИТАРНИОТ МЕЧ ВО ВАРНА ПОСВЕТЕН НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ

Фото : Sportal.bg

Легендите на Македонија гостуваа во Варна на „Спартак Стадион“ против легендите на Бугарија и славеа со 2-3 во хуманитарниот натпревар посветен на жртвите во трагедијата во Кочани.

Македонската ветеранска репрезентација предводена од капитенот Горан Пандев успеа да триумфира против популарните „Национали 94“, односно славната генерација од 1994 на Бугарија.

Нашата селекција поведе во 21. минута со голот на Ристо Божинов, а домаќинот израмни од пенал преку Камбуров. До полувремето Македонија пак поведе преку Горан Пандев кој реализира од белата точка за 1-2 во 40. минута. Домаќините пак израмнија во вториот дел со голот на Петар Михтарски, меѓутоа конечните 2-3 ги постави Дарко Тасевски во 57. минута.

Натпреварот во Варна беше од хуманитарен карактер и фондацијата „Национали 94“ ќе ги донира средствата на семејствата на настраданите во Кочани.

Извор : Гол.МК

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ