Македонскиот филм „Стела” 18 септември во Градски Парк

0
937

Во рамките на Фестивалот на европски филм свои премиери ќе имаат седум филмови кои се поддржани од Агенцијата за филм, информираат од ова институција. Филмовите како што објаснуваат од Агенцијата за филм, се во категоризација на мнозински копродукции и филмови со македонско малцинско учество.

Македонскиот филм „Стела” во режија на Стојан Вујичиќ ќе го отвори Синедејс на 18 септември во Градскиот парк. Додека, македонската премиера на филмот „Хомо” на Игор Иванов Изи ќе се одржи на 24 септември на покривот на ГТЦ.

Останати филмови со македонско малцинско учество се „Сирена во Париз” во режија на Матијаз Малзиу (Франција) кој на 19 септември ќе се одржи во Паркот Ибни Пајко, односно филмот „Летечкиот циркус” во режија на Фатос Бериша (Косово) ќе биде прикажан на истата локација на 20 септември. Исто така во Паркот Ибни Парко и вечерта на 21 септевмри ќе биде прикажан филмот  „Моето езеро” во режија на Ѓерг Џувани (Албанија), однос премиерата на филмот „Малмкрог” во режија на Кристи Пуиу (Романија).

Филмот „18% сиво” во режија на Виктор Чучков (Бугарија) ќе биде прикажан на локација МКЦ парк на 22 септември.