Македонскиот пилот кој спаси стотици животи во САД е сопруг на пејачката Ерзана

0
2412

Македонскиот пилот Аријан Превала, искусен пилот и инструктор по летање, кој спречи голема трагедија во Мериден, Конектикат, спасувајќи повеќе стотици животи, е сопруг на позната пејачка Ерзана, чијшто хит „Ноќна кралица“ и ден денес со задоволство се слуша.

Ерзана денес живее во Хартфорд, Конетикат заедно со нејзиниот сопруг.

Имено, студентот-пилот, Ферас М. Фреитех (28), од Јордан, во вторникот додека под придружба на инструкторот Превала изведувал контролен лет, од засега неутврдени причини намерно го урна авионот „Пејпер Па 34A“ насочувајќи го леталото прво во станбена зграда во населен кварт, а потоа и во фабрика за воена опрема. Превала во тој момент останал присебен и борејќи се 20-тина минути горе во воздухот со разбеснетиот студент, успеал леталото да не ја погоди ниту зградата, ниту фабриката и да се избегнат многубројни жртви.