Македонскиот гејмер Мартин Саздов – Сакса е светски вицешампион во Дота 2

0
2212

Македонскиот гејмер од Свети Николе Мартин Саздов Сакса синоќа го освои второто место на Интернационалниот турнир Дота 2, кој се одржуваше во Сиетл, САД. Тој и неговиот тим Digital Chaos освоија 3,4 милиони долари.

Saksa

Победници на годинашниот турнир е кинескиот тим Wings Gaming, кој освои 9,1 милион долари. Тоа е дел од вкупниот награден фонд кој изнесуваше над 20 милиони долари, што е официјално најголемата награда во историјата на е-спортови. Третото место го освои американскиот тим Evil Geniuses, кои се минатогодишните победници на турнирот.

Турнирот се одржа по трет пат во Сиетл, на кој учествуваа најдобрите тимови за Дота 2, кои две недели се натпреваруваа меѓу себе.

Финалето помеѓу двата тима беше непредвидлив до крај, пишуваат странските медиуми. Целиот турнир беше пренесуван во живо.

 

Watch live video from dota2ti on www.twitch.tv

Дота 2 е еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи. Најдобрите тимови од сите континенти најпрво играа на континентални квалификации, па потоа се натреваруваа со победниците од останатите континенти.