МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ВО ТЕШКА ТРАУМА: ВО ИСТ ДЕН СЕ ЗАРАЗИЈА ЦЕЦА И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

0
1150

Фото: Фејсбук/Гоце Делчев
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев, објави дека е позитивен на коронавирусот.

„За жал, тестот за коронавирусот кажува дека сум позитивен. Ми се случи првпат во животот да имам температура 38.2. Првите симптоми ги добив на 7 јуни. Сомнителен контакт со заразено лице од ковид-19 имав на 26 мај“, напиша Делчев.

Српската фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирус. Пејачката и нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ потврдиле за „Нова.рс“ дека се позитивни на коронавирус.

– На повторниот тест, Вељко и јас сме позитивни. Вељко и јас се чувствуваме добро. Немаме никакви симптоми. Ќе биде во домашна изолација до повторувањето на тестирањето – изјавила Цеца за „Нова.рс“.

Фолк-ѕвездата првично направила серолошки тест од венска крв, кој бил негативен.

Меѓутоа, после тоа таа направила и ПЦР тест, кој се прави така што се зема примерок од брис од грло и нос.

Резлутатот сепак, кажал дека Цеца е позитивна на коронавирусот.

Како што пренесува „Нова.рс“, Цеца се тестирала после семејната прослава на која била во контакт со заразена личност.