МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е СОЗДАДЕНА КАКО И СЕКОЈА ДРУГА НАЦИЈА, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ВЕШТАЧКИ КОЛКУ ШТО СЕ ВЕШТАЧКИ СИТЕ ДРУГИ ЈАЗИЦИ, ВЕЛИ БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР И ПРОФЕСОР СТЕФАН ДЕЧЕВ

0
1007

„Софија смета дека преговорите на Северна Македонија со ЕУ треба да бидат искористени од Бугарија за да ги добие војните кои што ги загуби во 1913, 1918 и 1944 година, но треба да се разбере дека преговорите на ЕУ не се за тоа“, објаснува професорот Дечев.

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера кажа дека разговорите меѓу бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи не биле добри и ако Бугарија остане на тоа што го предложила, македонскиот народ треба да се подготви дека во декември нема почнат пристапните преговори со Европската унија. – Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов на откривањето на возобновениот споменик на генералот на бугарската армија Константин Каварналиев близу Дојран во август 2019 (Фото: Ѓ. Личовски)

Крајно време е Бугарија да прекине со претензиите кон македонскиот јазик, вели Стефан Дечев, бугарски историчар и професор на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во интервју за телевизија „Блумберг Бугарија“ и објаснува дека македонската нација е создадена како и секоја друга нација, а македонскиот јазик е вештачки колку што се вештачки сите други јазици. Во интервјуто по повод бугарскиот објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ, тој вели дека Софија со меморандумот одбива да ја прифати реалноста.

„Ние во Бугарија имаме интерес Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО и ние во Бугарија цело време повторуваме дека ги прифаќаме сегашните реалности, но со текстот во објаснувачкиот меморандум не ја прифаќаме реалноста имајќи го предвид денешното реално постоење на македонскиот народ и денешното постоење на македонскиот јазик. На пример, ако го прочитате меморандумот, начинот на кој Собранието на АСНОМ се врзува со антибугарската идеологија, може да останете со впечаток дека не важи веќе тоа што го велиме дека ги прифаќаме реалностите“, вели професорот Дечев.

За проблемот со Гоце Делчев, тој вели дека не може да така лесно да се постигне договор чиј е, македонски или бугарски, бидејќи во периодот на револуционерните и преродбенички движења во средината на 19. век и почетокот на 20. век, како што рече тој, тешко било да се каже што е бугарско, а што македонско, т.е. каде завршува бугарското, а каде започнува македонското.

Бугарскиот историчар вели дека и двете страни имаат вина, но дека Бугарите не треба да се занимаваат со македонската страна.

„Треба да си погледнеме во сопствениот двор. Бугарската вина е тоа што бугарското општество е убедено дека има општа историја на еден народ и тоа е само бугарска историја до 1944 година. Тоа е позиција која тешко може да ја издржи експертизата на сериозната историографија и постигнувањата на историографијата на полето на нациите и национализмите во последните три-четири децении, како и во областа на другите и другите хуманитарни и социјални науки. Бугарскиот историски наратив создава впечаток дека во 1944 година се случила некаква грешка и сегашните мешовити преговори и членството во Европската унија треба да бидат, така да се каже, инструмент со кој таа грешка треба да биде исправена и би се рекло дека Софија смета дека преговорите на Северна Македонија со ЕУ треба да бидат искористени од Бугарија за да ги добие војните кои што ги загуби во 1913, 1918 и 1944 година, но треба да се разбере дека преговорите на ЕУ не се за тоа“, објаснува професорот.

Извор и целата сторија на СДК ОВДЕ