Македонија се сопна на надгробната плоча што и ја поставија клановите на Груевски и Ахмети

0
1038

Ова е Епитафот што наскоро ќе стои на Гробот на Македонија ако Македонската демократска јавност не ги повика на законска и правна одговорност лидерите на двата коалициски партнери и нивните “консилиери” кои што од Македонија направија пародија на држава и “Circus Maximus” за потсмев на целиот свет!

Кога званични лица на политичка партија во власта насилно напаствуваат цивилно лице,кога тоа лице ги идентификува напаѓачите по име и празиме,кога поранешниот премиер на државата ветува дека нема да се толерира никакво насилство и дека напаѓачите ќе одговараат,додека шефот на кабинетот на неговиот коалициски партнер цинично изјавува дека нападнатиот небил нападнат ,туку ” се сопнал,се повредил и си ја удрил главата”..а неговата партија “нема информација дека има пријава против Асани”,тогаш секој еден во кого останало и ронка од национална,деморатска и цивилна гордост разум и достоинство мора да заклучи дека државата во која живееме се сопнала на сопствениот камен и е во слободен пад во својот вечен дом.Има ли некој што ќе подаде рака за да го спречи тој срамен крај?!!

Фејсбук статус на Нестор Огинар