МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ ВО ШОК: НОЌЕСКА ПОЛИЦИЈАТА ПО НАРЕДБА НА СУДОТ НА БАРАЊЕ НА ОЈО ГИ ПОАПСИЛА ПОВТОРНО СИТЕ ОБВИНЕТИ ЗА 27-МИ АПРИЛ, ЧАВКОВ НЕ СТИГНА ДА СЕ ИЗРАДУВА НА ДОМАШНИОТ ПРИТВОР!!!

0
2788

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Велјановски, во текот на ноќта се вратени во затворот Скопје во Шуто Оризари.

Дека пет лица се спроведени потвруваат и од МВР.

– Постапувајќи по решение на Основниот суд Скопје 1, пет лица во текот на ноќта се пренесени во истражниот затвор Скопје – изјавија кратко од министерството.

Приведувањето следува откако вчера Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена обвинение за насилството од 27 април лани во Собранието.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера најави дека со обвинителниот акт, до Кривичен суд доставиле и барање за продолжување на мерките притвор и куќен притвор за обвинетите.

Во текот на денот се очекуваат информации и за одлуките на судот во врска со останатите обвинети.

Вкупно, за терористичко загрозување на уставниот поредок се товарат 28 лица, а двајца за помагање на истото дело.

СВЕДОК дознава дека одлуката на Врховен, со кој и натаму раководи Јово Вангеловски, ги вознемириле властите, па на итен состанок било одлучено да се бараат повторно притвори со поднесеното обвинението, а Основниот суд, каде што сега владејачката партија има контрола над кривичните совети да ги притвори и на тој начин да ја заобиколат одлуката на Врховен, која е дискутабилна од правен аспект, дали Врховен може да одлучува во оваа постапка, пракса која почна со неговата одлука за Горан Грујовски и Никола Бошковски, како и Сеат Кочан, што беше повод сите да добијат време и да избегаат.

Од тука, по пуштањето од притвор, МВР ги засилила контролите на границите и го следела движењето на ослободените, а со ноќната акција се очекува сите да бидат повторно вратени во затвор и таму да го чекаат судењето.

Познато е дека за 30 лица обвинението е за загрозување на уставниот поредок, за 4 лица кои се недостапни постапката е прекината до нивно пронаоѓање, а само за една пратеничка постапката е запрена.

Во групата од 30 обвинети има 5 пратеници, тројца од врвот на МВР, од Агенцијата за разузнавање, од обезбедувањето на Собранието, водачите на „Заедничка Македонија“..