МАКЕДОНИЈА ВО ШОК: Еден член на бандата осомничена за 27-ми април во суд призна – УБК ДАВАШЕ НАРЕДБИ КОЈ НОВИНАР ДА БИДЕ ПРЕТЕПАН, ГРУПАТА НА НИНЏА И КОЉО ГИ ИЗВРШУВАШЕ ЗАДАЧИТЕ!!!

0
3149

Стефан Младеновски, еден од браќата Младеновски, во суд призна детали за тоа како функционирала групата на криминалците од Автокоманда, Нинџа и Кољо.

Луѓето од УБК, чиј тогашен директор бил Владимир Атанасовски, правеле проценка кој треба да се нападне од јавните личности.

– Како одговорност на некои тогашни функционери на УБК и нормално преку Нинџа требаше да се напаѓаат личности кои се против интересите на тогашното раководство. Проценките за тоа кој треба да се нападне ги правеа луѓе кои тогаш беа на високи државни функции во УБК, се палеа коли, требаше да се палат други коли… Никогаш не сум учествувал во насилствата, но сум директно запознаен. Имаа 100 отстотна заштита од УБК. Тука беа во тој контекст физички напаѓани и новинари и луѓе кои учествуваат во јавниот живот. Овие активности беа организирани од Нинџа по насока на Владимир Атанасовски – потенцираше обвинетиот.

Тој рече дека уште порано пред 27 април, уште кога се организираа протести пред ДИК имало инструкции да се дигнат во воздух возилата на Петре Шилегов и Љубомир Фрчкоски.

– Но, до тоа не дојде, бидејќи во последен момент ја стопира таа работа – рече Младеновски.

Повеќе за сведочењето на Плусинфо.мк