Македонија вмешана во скандал со местење гласови на Евровизија

0
1098

Поради основано сомнение за „здружено“ гласање, кое е строго забрането со правилникот на Евровизискиот фестивал кој се одржа во Виена, гласовите на Македонија и Црна Гора биле отфрлени од крајниот исход на гласањето во саботата, неколку часа пред големото финале на 60-то издание на фестивалот, јавува 24 Вести.

Screen-Shot-2015-05-23-at-235308

Телевизијата побарала изјава од координаторот за комуникации, Џармо Сиим од Евровизија кој рекол дека «причината е што во обете жирија рангирањето на групата од пет различни членови на жирито демонстрирале сериозна поврзаност, со што е голема веројатноста членовите на жирито да не ги дале своите гласови целосно независно едни од други, како што се бара во инструкциите кои ги предвидува ЕБУ», вели Џармо Сиим.

Од македонската евровизиска делегација нема коментар а неофицијално изјавиле дека ќе го чекаат извештајот од средбата на ЕБУ во јуни.

Според Сиим треба да се провери дали Скопје и Подгорица намерно или ненамерно така се однесувале и дали се должи на недоразбирање или на недоволна внатрешна комуникација.
Антонио Димитриевски од македонското жири не одговарал на телефон, а во неделата за „24 Вести“ изјавил дека се било вo ред од страна на жирито.