ЛУТОВСКИ : ЏАБЕ ПИШТИТЕ ЗА НАПАДИТЕ ОКОЛУ ЛЕВИЦА, ТОА Е СЕГА СОЦИЈАЛШОВИНИСТИЧКА ПАРТИЈА, МИКС НА СТАЛИНИЗАМ И МАОИЗАМ СО РЕФОРМИЗАМ

0
1108

Гледам “пиштење и вриштење” околу “фашизмот кај левичарите” “левиот фашизам” и што уште не. Либералната анализа кај нас обожава да крева хистерија и секој политички феномен што е лош или што не им се допаѓа да го викаат фашизам.

Фашизмот, е последна одбранбена линија на крупниот капитал од потенцијална социјалистичка револуција. Фашизмот е директно поврзан со крупниот капитал од кого прима донации и е експлицитно антикомунистички бидејќи комунистите се непосредна закана по моменталниот систем. Фашизмот не е само агресија и желба за насилство, туку има некаков корен. Негова главна социјална база се ситно буржоазски и останати декласирани елементи кои губат во време на системска криза. Фашизмот не е ирационална и болна омраза, иако добар дел од фашистите може да се патолошки случаи. Фашизмот е брутална диктатура на капиталот без маска на либерална демократија.

Моменталната псевдоЛевица е социјалшовинистичка партија, микс на сталинизам/маоизам со реформизам. Сталинизмот не е имун на национализмот, напротив истиот често користел национализам и си поигрувал со него. Користат квазисоцијалистичка фразеологија и канализираат општо и социјално незадоволство.

И ова апсолутно не ги оправдува нив, тие се реакционерни и се наш политички непријател, на секој искрен социјалист.
Но, кога се расфрлате со термини, размислете малку. Со вакви работи се банализира фашизмот како политички феномен и движење.

Бонус: просечниот гласач се соживува со псевдолевичарите кога гледа кој и како ги напаѓа. Стануваат мартири.

Фејсбук статус на Дејан Дексо Лутовски, еден од основачите на здружение Ленка и политичката партија Левица.