Лукаревска: Поврат на ДДВ по телефон ќе има само за една целна група на граѓани

0
1493

Работна група од Управата за јавни приходи и Министерство за финансии ги анализира можностите како да се врши поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните, чиј старт премиерот Зоран Заев го најави од 1 јули годинава. Комисијата ќе утврди и колкави ќе бидат лимитите.

Ова на денешната прес-конференција го изјави директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Соња Ликаревска.

– УЈП и Министерство за финансии уште од лани прават анализи. Разгледуваме споредбени искуства на кои производи, до кој износ да лимитираме за враќање на ДДВ – изјави Лукаревска.

Според неа, враќањето на ДДВ преку телефон кое го најави вчера премиерот Заев, ќе биде само за една целна група, но и за тоа се бараат можни решенија за кои дополнително ќе се излезе со детали.

Лукаревска рече дека граѓаните преку повратот на ДДВ ќе вршат контрола на трговците купувајќи при тоа само од оние кои издаваат фискални сметки.