ЛУДИЛОЈАДА И ВОЈНАДА ВО СУДНИЦА ЗА СЛУЧАЈОТ ,,РЕКЕТ” : БОКИ И КАМЧЕВ ЌЕ СЕ ЗАКОЛАТ, ВИЛМА СЕ ВМЕША А БОКИ И РЕЧЕ ДА НЕ СЕ ДЕРЕ!

0
1634

По Дуковски, и неговиот клиент Боки 13 го испрашуваше сведокот Орце Камчев од кого обвинетиот побара извинување за навредите во сведочењето, но судот го одби.

-Не си обвинител да се консултирам со тебе за јавнообвинителски проблем, му одговори Камчев на Боки дали од него на првата средба во Сушико барал јавнообвинителски совет.

На тоа Боки побара од судот Камчев да го персира како што тоа он го прави.

-Признавам дека реков на директорката на Систина дека таа не станува за 40.000 евра, а не сака да даде 200.000 евра. Јас како менаџер на ТВ знам колку пари ми требаат исто како и твоите доктори во Систина кои ме оперираа “успешно”, рече Боки 13.

На тоа реагираше Рускоска, на која Боки 13 и рече да не се дере, па беше опоменат од судот.

Камчев на Боки 13 му објасни дека по консултација со пријателот Ивајло од Софија кој му рекол за такви случаи во Бугарија па од нивно искуство се одлучил да го снима Боки 13.

Тогаш Боки го праша дали го познава Радивоје, а Камчев негираше, по што обвинетиот го прозва сведокот дека шпиунирал за странска држава.

Камчев на прашање на Боку потврди дека во торбата Луј Витон немало ништо освен пари и весници, а според Боки тие милион евра не постоеле. Камчев рече дека торбара не му била вратена а Боки тврди дека Кичеец му ја вратил.