ЛОША СИГНАЛИЗАЦИЈА И ЧОВЕЧКА ГРЕШКА – ПРИЧИНА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА

0
563

Тешката железничка несреќа што се случи за време на викендот во Индија најверојатно е резултат на лоша сигнализација на пругата и човечка грешка, изјави министерот за железници на земјата Ашвини Ваишнав.

Несреќата се случила во Одиша, кога патнички воз излетал од шините по судир со товарен воз, додека друг патнички воз кој доаѓал од спротивната насока удрил во расфрланите вагони. Официјалните податоци покажуваат дека загинале 275 лица, а од нив околу 1.200 се повредени.

Извештајот за најтешката железничка несреќа во Индија во овој век ќе биде објавен во наредните денови.Во меѓувреме, бројот на загинати беше ревидиран на 275 откако некои тела беа избројани двапати, соопштија локалните власти.

Околу 1.200 повредени се префрлени во болници, а 793 лица веќе се отпуштени.До несреќата дошло кога патнички воз излетал од шините по судар со товарен воз кој бил во мирување. Во тој момент од спротивната насока доаѓал друг патнички воз, па удрил во расфрланите вагони на шините.

Индија има една од најголемите железнички мрежи во светот со милиони патници кои секојдневно ја користат, но железничката инфраструктура треба да се подобри, нагласи министерот за железници.