Локвенец : Заев ќе создаде систем еднаков за сите граѓани, бранителите мора да бидат на пиедесталот во државата

0
1637

Кандидатот за пратеник на ИЕ 4 Хари Локвенец од СДСМ на покана на Здружението на резервни воени обврзници (ЗРВО) од настаните 2001/2002 денес остварија средба.

На денешната средба беше разговарано за статусот на бранителите во Македонија и за секојдневните притисоци и понижувања кои ги трпат од страна на власта како и за наметнатото прашање од страна на власта за двојазичноста и редефинирање на државата.img_6571

Локвенец за наметнатите прашања од страна на власта рече дека не само што нема да има никаква федерализација, туку новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе спроведе конфискација на имотите на криминалците од власта, вклучително и на членовите на „фамилијата“.

„Борејќи се за спроведување на законот и законитоста, правдата и правичноста, ние сме решени во целост да ги почитуваме и спроведеме досега донесените закони во Република Македонија. Тоа подразбира целосно почитување на граѓанскиот концепт на Уставот. А кога сме веќе кај Законот за употреба на јазиците, сакам да споменам дека тој беше донесен од страна на пратениците на власта чии усти во овој момент се полни со зборови дека некој друг ќе воведе двојазичност и некој друг ќе ја федерализира државата. Тоа се истите оние пратеници кои и во моментов се кандидати за пратеници, а кои го донесоа и Законот за амнестија со кој ги амнестираа убијците на македонските бранители кај Карпалак и кај Вејце“, вели Локвенец.

На средбата од страна на кандидатот за пратеник од ИЕ 4 на СДСМ Хари Локвенец беа презентирани голем дел од мерките на програмата кои ги нуди СДСМ како идна Влада за најранливите категории во државата како и решенија за бранителите кои застанаа на браникот на татковината во воениот конфликт.

„Бранителите мора да бидат поставени на пиедесталот кој го заслужуваат и кој им припаѓа, бидејќи тие се вистинските херои кои треба да бидат пример за нашите деца. Со односот кон луѓето кои ги понудија своите животи на браникот на татковината, ќе покажеме како треба да се однесуваат нашите деца во следниот период, бидејќи сите ние и како политичари, и како граѓани, се залагаме за стабилност и мир во Македонија“,истакна кандидатот за пратеник на коалицијата „За живот во Македонија“ Хари Локвенец.