ЛИДЕРОТ НА УМС НА ВМРО-ДПМНЕ, ПОПОВ : ГО ПРОМОВИРАМЕ ВЕСНИКОТ ,,МЕГАФОН” КОЈ ЌЕ БИДЕ ГЛАСНИК НА СИТЕ МЛАДИ ВО МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ОПФАЌА ТЕМИ КОИ ГО ЗАСЕГААТ ОПШТЕСТВОТО

0
457

Почитувани,

Денес е убав ден за Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваме на промоција на весник изработен од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Весникот ќе се вика Мегафон.

Името Мегафон го избравме, бидејќи планираме овој весник да биде гласник на сите млади во Република Македонија. Во овој весник ќе разработуваме разни теми од областа на економијата, ИТ индустријата, образованието, медицината и сите останати теми кои го засегаат ова општество, а особено младите луѓе.

Со овој весник исто така испраќаме порака дека како Унија на млади сили секогаш се движиме во чекор со времето, односно настојуваме како Унија на млади сили секогаш да претставуваме авангарда во нашето општество.

Овој весник нема да биде класичен партиски гласник на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, туку во него ќе се обидеме да вградиме со свој интервјуа, колумни, настапи и слично и останати општественици од Република Македонија, односно луѓе кои не доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и не се поврзани со политиката.

Уште еднаш благодарам за присуството на сите на овој настан, промоција на весник на Унијата на млади сили Мегафон и понатаму Унијата на млади сили ќе се труди да остане авангарда и ве повикувам сите да ги следите нашите активности.