ЛИБЕРТАС : Ученици од Пробиштип однесени на молитва во црква за почетокот на учебната година, родителите не знаеле?!

0
1146

На социјалните мрежи деновиве се објаваат повеќе фотографии од ученици од ОУ Никола Карев во Пробиштип, кои заедно со своите одговорни наставници присуствувале на Молебен за почеток на учебната година, во локалната црква Успение на Св. Богородица.

12002965_10205768953037755_2429911652362486655_n-540x405

Не се знае дали наставниците добиле одобрување од родителите на малолетните ученици, да присуствуаат на ваков религиозен настан.

12004757_10205768954597794_1033617077629254117_n-540x405

Според извори кои ги испратија фотографиите, на дел од учениците им било кажано дека мораат да присустваат на религиозниот настан, а родителите за Молебенот дознале дури отпосле – од страна на нивните малолетни деца.

11987086_10205768955997829_3568165672974034374_n-540x405

Не е јасно зошто одговорните во училиштето постапиле на ваков начин, и зошто не е испочитувана уставната категорја за секуларност помеѓу црквата и државата, односно зошто дел од учениците биле принудени да присуствуваат на религиозен собир.