Ленче Ристовска: Јанева се уште е во УБК, во моментов се прави попис, а по него ќе следи одземање на книгите за евиденција

0
1273

Специјалната обвинителка Катица Јанева и истражителите се уште се во  Управата за безбедност и контраразузнавање.

Обвинителката Ленче Ристовска на прес конференцијата рече дека имаат големи проблеми во спроведувањето на судската наредба.
„За жалење е што државните институции не спроведуваат судски наредби“ – изјави Ленче Ристовска.
Во моментов се прави попис во УБК, а по него ќе следи одземање на книгите за евиденција – велат од СЈО.
СЈО влезе во УБК вчера во 11 часот, а дел од истражниот тим цела ноќ го помина таму. Во моментов обвинителката Катица Јанева се уште е во УБК.