ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ, БОКИ БУРГИЈА ГО УНИШТИ ГЕРО АЛЦХАЈМЕР: Кој црн популизам бе Геро, дај отвори ги очите, кај оваа влада нема ни П од популизам!

0
1548

Геро Алцхајмер ја обвини владата за популизам, на тоа стигна рендање од Боки Бургија?!?! Цццц, овие денови кој стигне брише под со суетната будала!

Еве што пишува на ФБ Боки:

Популизам? Хе, гледам дека нема секојдневно сечење црвени ленти на селски чешми, нема директни преноси од фрлање лопати врз празни дупки, нема ТВ екипи при поставување колчиња на тротоарите, ниту при садењето дрва, нема шетање низ македонските и турските чаршии со семјството, ниту возење велосипед од подрумот на владата, додека дежурните екипи на информациските ТВ станици го чекаат на кеј, нема свечени отварања на уметнички изложби, нема ниту лажно купување книги во книжарниците, нема кебапчиња во „Тетекс“, нема телефонско решавање на проблемите на граѓаните, нема одење пешки на работа, настан снимен со неколку камери од различни позиции, нема ниту бизнис трип репортажи, и дузина вакви слични кои го карактеризираа популизмот на Груеваки, и, замисли, сето тоа намерно да се прави, со наредба до медиумите задолжително да се пренесуваат сите активности на премиерот, да се репризираат неговите досадни говори до повраќање…

Најверојатно од предозираноста на таквиот популизам, сега дуваме и на ладно, всушност на нешто што е сосема нормална работа, а тоа значи дека и тие, функционерите, па и премиерот, имаат слободно време кое го искористуваат според своите потреби и намери, ете, за посета на театар, за возење мотоцикл, за скијање, за пливање. И замисли друже Геро, тоа се објавува од други извори, не од пиарот на владата, не се проследени со задолжително присуство на сите значајни медиуми, па затоа сѐ почести се и глупнатропските „критики“ за ваквите потези, кои спаѓаат во категоријата алапачење, без, смисла за пренесена критичка порака. Штетни се, наполно исто како и фалењето односно глорифицирањето на секој потег на премиерот и владата од некои „партали“ самопрогласени медиуми. А има доволно работи кои се за отворена дебата и критика. Премиерот возел мотор, бил во театар, та преку тасета. Нека вози и џамбо, само да гледаме да не ја извози државата, бе, Геро. Тоа треба да биде целта на критизерските пера, не алапачење, барајќи влакно во јајцето стравувајќи дека и овие се исти. Далеку се, сѐ уште…

Поздрав, друже Геро…