Лекција по македонска историја за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и целата куртон ескадрила!

0
3570

Многу се изнапиша за битката на ножот. Но некако како и секогаш еден дел од вистината се крие и тоа доста манипулативно. Тие кој што највеќе скокаат против тоа со Бугарија да одбележуваме заедно дати и празници истовремено нај гласно говорат за битката на Ножот. Се разбира мислам на ДПМНЕ, онаа многу лоша инпровизација на ВМРО, која повеќе во содржина наликува на Сојуз на комунистите на Југославија. Гледајки го составот на четите, местата на раѓање и смрт на комитите и војводите сметам дека ние овој датум од нашата историја треба да го одбележиме со Тајван.

Нели духовниот татко на ДА-Денешно ДПМНЕ Циле Тупурко ни направи договор за заедничко признавање, почит и пријателство со Тајван. Се сеќавате лапнавме и милијардиче. Затоа со Тајван, но никако да не се дозволува на Бугарите-татаро монголи. Никако со внуците на загинатите комити и војводи од Хасковско, Старо Загорско и.т.н.они не ни го признаваат јазикот и ќе ни го изедат идентитетот.

А кога сме кај јазикот, да ги прашам “патриотите” од ДПМНЕ, кога Тане војвода шетал со четата низ битолско и разговарал со населението, кога ги командувал своите комити од Македонија со преведувач ли одел или? Ќе ми е интересно да ми го објаснат и тој момент Е мои мили браќа Mакедонци, некои умирале за нашата слобада а други ни разкажувале сказни за милиарди.

Вие сами изберете кој ви е пријател и брат, а кој враг. Тој што умирал рамо до рамо со нашите дедовци за нашата свобода или оној кој јадел на наш грб бифтеци. Секој сам си го прави изборот. Поклон и вечна слава на героите од Ножот!

Во најголемата битка меѓу комити припадници на ВМОРО и турски аскер која се случила на денешен ден пред 110 години на врв Ножот (во близина на селото Ракле, Прилепско) учествувале четите на неколку големи војводи од илинденскиот и постилинденскиот период. Кон четата на главниот војвода Тањо (Тане) Николов (од градот Хасково Бугарија) се приклучуваат четата на прилепскиот околијски војвода Петар Ацев, четата на Иван Наумов Алабакот (од с. Ореовец, Велешко) и четата на Мирче Најденов, која во овој момент била одговорна за реонот на Прилеп и селата во околината. Со комити од своите чети во битката земале учество и војводите Михаил Чаков, Христо Цветков, Ѓоре Спирков, Секула Ораовдолски и Велко Попадиски.

Според различните извори бројот на комитите кои земале учество во оваа епска битка варира од 150 до 200 луѓе. Од нив загинале 67 комити, додека загубите кај турскиот аскер се непознати.

Според историските извори поголемиот дел од загинатите се родени во тогашното Кнежество Бугарија. Познати се имињата на дел од учесниците во битката, кои по потекло се од Бугарија.

Список на познатите учесници во битката на Ножот, кои се по потекло од Кнежество Бугарија

Тане Николов– Хасково
Тодор Дочев – Стара Загора
Тодор Т. Чалницки – Стара Загора
Михал Ѓуров – Стара Загора
Којчо Славов – Стара Загора
Петко Буналов  Стара Загора
Димитар Дојчинов – Стара Загора
Владимир КуртевПлевен
Константин Ќуркчиев Преколница, Ќустендилско,
Петко Којчев Панаѓуриште
Никола Василев– Казанл’к
Георги ДочевКазанлк
Никола Болгуров – Чирпан
Костантин Аврамов – Чирпан
Никола Пенев – Чирпан
Петко Д. Боjчев  с. Свобода, Старозагорско
Тоњо Желев  с. Свобода, Старозагорско
Неделчо Монев  с. Свобода, Старозагорско
Никола Тенев– с Крнча, Габровско
Кољо Тенев – с. Љубенова маала, Сливенско

Главниот војвода на четите кои учествувале во битката на Ножот, Тањо (Тане) Николов е роден на 9 март 1873 г во Хасково (Бугарија). Бил бугарски офицер. Од 1902 година е комита на ВМОРО. Близок пријател е со Борис Сарафов. За време на Илинденско-Преображенското востание делува во Тракија и реонот на Одрин. Од 1906 година е реонен војвода во Леринско.
Од 1907 е војвода во Прилепско, успева да ги уништи четите на србоманските војводи Јован Бабунски и Глигор Соколов Љамев (Глигор Соколовиќ, дедо на Блаже Конески). Тане Војвода зема учество во сите војни од 1912 до 1918 и делува на територијата на Македонија. Бил дел од славната 11 пешадиска македонска дивизија.

Во 1942 година учествува во панихидата за неговите момци одржана на Ножот. Умира на 19 јануари 1947 г во Асеновград, Бугарија.

PS: Внуците на загинатите на Ножот од Бугарија смеат ли да стават цвеќе на Ножот и да запалат свеќа за душите на нивните дедовци или Миленко ќе ги пречека со токмак и таму?

Пишува: Петар Колев