Легендарната уставна судијка, Наташа Габер-Дамјановска: Пред еден час ќе бев МРТВА!!!! Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој на пешачки претекнуваше возила со огромна брзина

0
887

Фејсбук статус на Проф.д-р Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“:

Драги ФБ пријатели, морам да ви соопштам дека пред еден час ќе бев МРТВА!!!! Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој ПРЕТЕКНУВАШЕ други возила со огромна брзина на самиот ПЕШАЧКИ пред молот Рамстор. Возилата доаѓаа од страната на Макпетрол, првите од нив подуспорија пред пешачкиот премин, а овој, спорниот, нестрплив, ги претекнуваше како да се наоѓа на авто трки. Да не изреагирав брзо да избегам ќе беше фатално, за влакно го доптретрчав преминот и се спасив, шинувајќи си ја ногата. Црвено возило, ново, скопска регистрација со бројот четири на регистрацијата и можеби тројка. Толку бев во шок (и сеуште сум) што не успеав да видам добро други карактеристики.

АПЕЛИРАМ НА ВАКВОТО ВОЗЕЊЕ НИЗ ГРАДОТ ДА СЕ СТАВИ КРАЈ! КАКО ГРАЃАНИН БАРАМ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ. ДА СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ И БЕЗ ПАРДОН КАЗНИТЕ ДА СЕ ИЗВРШУВААТ!

Денес јас преживеав, друг ден, друго лице можеби не. Доста со неизживеани и примитивни. А, да, и да се стави СЕМАФОР таму, кај ДВАТА пешачки премина, бидејќи навистина е небезбедно. Не треба да се случи нешто несакано за да се интервенира. ПРЕВЕНЦИЈА!!!