ВМРОВЧИЊАТА ОД ЛЕВИЦА СЕ НАПРАВИЈА ЛОМ, ПАРТИЈАТА ИМ СЕ РАСПАЃА ПО СИТЕ ШЕВОВИ, ОСНОВАЧИТЕ ЌЕ СЕ ЗАКОЉАТ КОЈ ОД НИВ Е ВИНОВЕН ЗА НЕЈЗИНОТО РАСПАЃАЊЕ!

0
1626

„Го носам товарот на човек којшто го „гласале“, да им се извинам на оние луѓе коишто ме гласале, односно полагале надеж и доверба во мене.

Ситуацијата и гротеската во која западна ем партијата, ем ние останатите како луѓе вклучени (иако лично не сум дел од раководните органи) во партијата, но и оние останатите кои не поддржувале, заслужува барем едно мало „извини“ и собирање на себеси, размислување и реобмислување на „себеси“ и на иднината (доколку постои нешто такво)“, по долго време се јави со статус на Фејсбук, Мариглен Демири.

„Левица не требаше да изгледа (апофатички малку) како:

Збриштина на фрустрирани бели мажиња кои се дрецкаат од земја, при секое дразнењето на нервот на нивната опсесија со името, знамето, нацијата, јазикот и остала национална (и читај: националистичка) територија на симболи и знаци. Сме се обидувале и орлови нокти сме носеле да создаваме стратегии и визии за антинационалистички дејствувања и за ширењето на речта на класната и социјалната база пред националните вистини и потреби – тло, како што кажав претходно во коешто растат страшилата на десницата со едно брдо седименти на паронична и хистерична националистичка ксенофобија.

Може само да се погледне профилот на „малиот наполеон“ нанижан со кумулација на лајкови на цела серија „отпадоци“ од десницата – односно оние коишто не ги сакаат ниту дома, а камоли во нивната партија (ВМРО де). Форум за застарени дебати кои историски се напластиле во купот од неуспешни обиди за промени и политички еманципации.

Имаше период во кој неколку месеци се дебатираше дали ликот и делото на другарот „Стаљин“ е добро профилиран од страна на ревизионистичката методологија и теорија, пред се претставниците на ревизионизмот.“, напиша, меѓу другото, Мариглен Демири.