ЛДП: Независно и ефикасно пензионерско здружување

0
996

Либерално-демократската партија се залага за трансформиран и независен субјект на пензионерското здружување. Да не се случи повеќе еден човек да одлучува во името на сите пензионери.

Раководството на Сојузот на пензионерски здруженија на чело со Драги Аргировски, надвор од Законот здруженија, за лични привилегии, во името на сите пензионери потпиша коалиција, партиски пакт, со една политичка партија – ВМРО ДПМНЕ.

Членството и општинските организаци на здруженијата, без да бидат прашани и консултирани, од страна на Аргировски се предадени во прегратките на една политичка опција. Доста ни е од ваква автократија, која е преземена директно од досегашното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Дали претседателот Аргировски може да излаже и да ги убеди пензионерите да гласаат за неговата политичка опција. Сигурно не, доста ни е од неговите залажувања. Пензионерите не се “продаваат“, сакаат да бидат дел од општеството, во добро и во лошо.

Аргировски го одзеде демократското право на пензионерите да одлучуваат и сигурно заборава дека секој пензионер е слободен човек кој размислува со своја глава. Сите сме рамноправни. Еден човек-еден глас, нема повеќе масовно полнење на гласачки кутии.
ЛДП ќе се заложи за:

– Трансформација на сојузот во едно советодавно тело за потребите на координација на активностите на општински организации на пензионерските здруженија и останатите субјекти од пензионерскиот интерес,

– Редовно ротирање на членовите на советодавното тело, по однапред одреден распоред, од субјектите на пензионерската работа, со што ќе се намалат трошковите за работа и пренасочување на средтвата кон креативи активности

– Прераснување на општинските организации на пензионери според нивните потреби во независни самостојни здруженија на пензионери,

– Самостојно и независно трошење на средствата од општинските организации за потребите на членството, како и

– Креативен потстрек на активности за подобрување на квалитетот на секојдневниот живот за лицата од трето доба преку формирање пензионерски невладини организации.