ЛДП и ДОМ на локалните избори ќе одат самостојно, без коалиција

0
1082

Маја Морачанин од ДОМ и Горан Милевски од ЛДП во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, најавија дека на престојните локални избори кои треба да се одржат во октомври годинава ќе одат самостојно, без коалиција.

„Ќе настапиме самостојно на локалните избори, со свои листи, и тоа ДОМ ја има како конгресна одлука. Ние веќе сме започнати со подготовките за избори. Сметаме дека тоа е добар начин, секоја партија да си ја претстави својата програма“, рече Морачанин.

Милевски, пак, истакна дека сега се во фаза на носење на одлука, но негова желба е да настапат самостојно.

„ЛДП е во фаза на носење на одлука. Деновиве ги сумираме размислувањата на општинските оргнизации за да видиме колку листи можеме да направиме. Наша проценка можеме да направиме 50-60 листи. До средина на март овој процес. Мојата желба е да настапиме самостојно, бидејќи како партија мора да се промовирате кај граѓаните“, изјави Милевски.