ЛАЈЧАК : СРБИЈА СПОРЕД ДОГОВОРОТ НЕМА ДА СЕ ПРОТИВИ НА ЧЛЕНСТВОТО НА КОСОВО ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

0
396

-Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изјави дека договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти претставува пресвртница во процесот на нормализација на односите, јави дописникот на МИА од Белград.
-Сега двете страни треба да ги спроведат сите членови од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, изјави Лајчак во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) и Јуроњуз Србија.

Ова го вклучува и членот четири, во кој се вели дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација, посочи Лајчак и додаде дека Косово има обврска веднаш да започне со спроведување на договорот поврзан со формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.
Лајчак призна дека во принцип ЕУ имала поамбициозен план, кој вклучувал потпишување на договор и нацрт-анексот со јасни временски рамки и задачи.

Според него, не било можно лидерите да се договорат за секоја точка, а имало и одбивање на српскиот претседател да го потпише документот, па првичниот предлог бил сменет.Лајчак најави многу брзо средба на главните преговарачи на Србија и Косово, со цел да се започне со работа на имплементација на одредбите од договорот постигнат на 18 март во Охрид.