ЛАТАС ЌЕ ЛЕЖИ РОБИЈА ЗА ХАЦИЕНДИТЕ ВО ЗЕЛЕНИКОВО: Судот го прифати обвинението на СЈО, почнува судскиот процес!

0
2019

Кривичниот суд го одобри обвинението за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“, во кој првообвинет е Драган Павловиќ – Латас за бесправна градба на три куќи во Зелениково.

– Судија за оценка на обвинителен акт, кој постапува по оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), КООА 50/17 од Обвинителството означен како „Тревник“ донесе решение со кое ги одби приговорите и го одобри обвинителниот акт во целост, соопшти Кривичниот суд.

По одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со К.бр. 238/18, кој согласно АКМИС – електронскиот систем ќе биде распределен за понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.