ЛАМБЕ ПРИБЕРИ СЕ БРЕ ЧОВЕЧЕ: Убијците во обид на Заев и Села еден ден народот ќе ги награди со орден?!?!

0
2918

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред затворот во Шутка се обрати Ламбе Арнаудов, кој истакна дека луѓето кои доаѓаат на протест се храбри луѓе и се цвет на овој народ.

Арнаудов се обрати и до неправедно притворените во истражниот затвор во Шутка.

-Господине Владо Јовановски, низ својата кариера имаш одиграно многу улоги на македонски дејци, војводи и комити, одлично си ја завршил својата улога. Господине Игор Дурловски, низ сите светски метрополи ги имаш овековечено ликовите од многу опери и таа работа одлично ја имате завршено. Истото е и со Борис Дамовски и со Матко Чавков, кој е чесен Македонец и многу голем хуманист – истакна Арнаудов.

Тој кажа дека сите уапсени тука се чесни луѓе, како Богдан Илиевски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски…

-Вие браќа и сестри јунаци, кои ние овде ве чувствуваме како наши сострадалници, вие денеска ја играте вашата улога во најголемиот отворен амфитеатар кој го направила човечката цивилизација, што се вика Македонија, изјави Арнаудов.

Тој истакна дека нивната публика е македонскиот народ и тој ги наградува со Оскар за животно дело, а на оние кои што го вршат овој политички прогон ќе им остане срамот.

Извор: Фокус.мк