Ламбе Арнаудов: Смртната казна после три децении повторно се воведува во Р.Македонија

0
2850

Реакција за антицивилизацискиот и недемократски наслов на про опозицискиот портал Народен глас за текстот потпишан со наслов ‘‘Ламбе Арнаудов сака да виси заедно со Грујо‘‘

Поминаа 40 денови од моето погубување и за чудо овој грозоморен наслов патолошки налудничав не забележан во историјата на политичкиот живот изминатите 50 години во Република Македонија сеуште дури и со засилено темпо се врти по порталите. Да бидам искрен во прво време не му дадов посебно значение затоа што мислев дека е грешка и ќе биде повлечен заради содржината и пораките што ги испраќа, меѓутоа текстот и понатаму не е симнат и кога ги замолив да биде тоа направено одговорот беше ‘‘аха, значи се плашиш, копиле едно вмровско‘‘.

Епа да бидам искрен, се плашам. Многу се плашам. Се плашам, од молкот на соросовите дежурни инсталации во Р.Македонија осведочени бранители на демократските права и слободи на граѓаните. Се плашам, од глувоста и немоста на Хелсиншкиот комитет, Амнести интернешионал и Хуман Рајтс. Се плашам, од наведнатите глави на само прогласените чувари на моралните вредности во Македонија тешки моралисти разни владимировци, љубомировци, сашевци, мирјани, слаџани, урании и останатите музи на мудроста, љубовта, уметноста, убавината и слободата. Се плашам, од заслепеноста и селективноста на сите невладини организации. Се плашам, од тромоста на правобранителот. Се плашам од неетичноста на телото за етика. Се плашам, од мрзливоста на сите останати институции декларирани како големи борци за човекови права и слободи. Најмногу се плашам затоа што никој не се уплаши.

ЖИВОТ. Збор со планетарно значење најмил, најпосакуван, најхуман, најмајчински, најзапишан и најопеан во светските јазици. За животот се зборува со срце и од срце кога срцето зборува зборовите се благородни полни со радост, надеж, љубов и милосрдие. Овој збор е во центарот на лозунгот што го одбра СДСМ за изборната кампања. Граѓаните конечно се понадеваа дека и од кај нив излезе нешто паметно, сериозно, надежно и оптимистичко. Попусто, се било лага. За тоа се погрижија вашите новинарски вазалчиња кои наместо со срце веднаш проговорија со нивниот познат стандарден јазик. А тоа е јазикот на раните, длабоките рани не девет од песните туку десет а веројатно ќе бидат и повеќе, рани кои никој не би ги нанесол. Рани кои потекнуваат од само ранување. Затоа се и толку длабоки. Кога се зборува со рани гадостите и грдите зборови се множат еден по друг гнев, омраза, одмазда, пизма хранејќи го туморот за да може да работи, да се шири и развива се до смрт. Кога зборувам за рани од само ранување мислам на мисијата што сами себе си ја доделивте на судбински предодредени од Господ да владеете со државата и управувате со народот не баре сте корисници на некое наследно право.

Сега се чуствувате како маченици страдалници повредени и лути. Заборавете власт се добива на избори еве ви шанса за неколку дена покажете се ама народот ве познава мудар е, запомнетете го тоа.

Малку ли ви беа катадневните 24 часовни онанирања за задоволување на вашите ниски страсти ширејки оркестрирани крајно навредливи напади и брутални дисквалификации на мојата личност. Со незапамтен интерес го демневте текот на разговорите и со чести изливи на хистеричен страв и параноја од евентуалните успешно завршени разговори постојано реагиравте. Ете, разговорите на моја жалост а на ваша радост завршија како што завршија зошто и понатаму продолжувате во ист стил. Јас ли сум ви виновен, што граѓаните имателите на вашите ситни души и скроени умови ги нарекуваат: СДСМ здодевниот? Играте на погрешна карта јас не сум калибар со кој вие се обидувате да ги раздвижете. Не им ја отежнувајте и така тешката ситуација на вашите газди и работодавачи. Навистина многу е тешко да си здодевен и сите да те одбегнуваат ама сосема е друго во апокалиптички стил да повикуваш на јавен линч.

Не осудивте нас двајцата на казна смрт со бесење без право на жалба за најтешкото кривично дело против државата и народот предвидено со законот и Уставот на Р.Македонија водење на преговори за предизборна соработка и коалиција помеѓу двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП. А тоа што и сите други партии го правеа истото за нив сте полни со пофалби и охрабрувања. Сега се прашувам како тоа ќе го изведете? Поранешниот претседател на Р.Македонија сега покојниот Киро Глигоров пред 25 година го потпиша указот со кој се укинува законот за изрекување на смртна казна. Можеби пак ќе се поистоветите со разулавените толпи кои дивееја во времето на инквизацијата од средниот век и каубојците од 19 век во дивиот запад.

На крај една добро намерна порака до тебе бедно кукавичко пискарало не се обидувај да заплашиш никого особено не ВМРОВЦИ. Тие се создадени од цврст нерѓусвачки материјал. Тие се тврдокорни, истрајни, лојални и светат со полн сјај. Тие кој ти ги мразиш од дното на душата само заради тоа што неможеш да бидеш како нив. Тие кои подеднакво длабоко во своето срце и душа ја имаат внедрено и Македонија и ВМРО. Тие кои никогаш не се заморуваат од давањето за својата татковина, тие кои заради горе наведеното се поинакви од вас останатите. Тие, ама кои пет пари не даваат за вашите закани.

ЖИВОТ. Животот и смртта оставете ги на оној кој само нему му припаѓаат – ГОСПОД. Господ дава, Господ зема нас ни преостанува да се покаеме и помолиме за простување на нашите гревови, да не вразуми помилува и благослови. Јас ќе го правам тоа за ТЕБЕ, ЗА СИТЕ и за мене многу почесно за време на големиот божиќен пост затоа што молитвите се тогаш најблиски до бога.

Автор на текстот

Ламбе Арнаудов