ЛАКИ ЛЕГНА БОЛЕН, СЈО ГО ПУШТИ ДА ОДИ ДА СЕ ЛЕКУВА ВО ГЕРМАНИЈА

0
1951

Драган Павловиќ Латас кој е обвинет од СЈО во случајот „Тотал“ денеска не се појави во Кривичниот суд, каде што требаше да му се суди за даночно затајување.

На самиот старт на судењето, судијката, Славица Наумова Јосифовска, ја исклучи јавноста и во судница ги остави само адвокатите и обвинителот. Подоцна, кога им беше дозволено на новинарите да влезат во судница, судијката Наумова објасни дека Драган павловиќ Латас не е присутен на судењето од лични и семејни причини, а за што, како што рече, неговите адвокатки Анита Бегова и Светлана Савиќ, доставиле доказ.

Судијката рече дека доказот за спреченоста на Латас е издаден од Универзитетската клиника во Келн Германија, од 16-ти јануари годинава. Судијката читајќи го овој податок дури им се оправда на адвокатките дека морала да го прочита доказот, поради што се создаде впечаток дека јавноста беше избркана токму поради тоа, односно да не ја слушне причината зошто Латас не е дојден на судење.

Сепак, судски извори потврдуваат дека поради лекување на член на неговото семсјство во Германија, на Латас му бил вратен и пасошот и му било дозволено да патува во странство, а СЈО, според истите информации ја одблокирало и неговата сметка.

Следното судење е закажано за 50 дена, на 31-ти март, денот на правосудството, кога, според сегашните најави треба да биде отворен новиот кривичен суд, сместен во нова зграда, лоцирана веднаш до сегашната.

Извор: Сведок

Мактел дознава дека се работи за стара болест од која Латас се има лекувано и порано а сега веројатно му се има или вратено или пак мора да оди на контроли.