ЛАЗАРЕВИЌ: РЕЧИСИ СИТЕ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО КРИВИЧНИ ДЕЛА НЕЗАМИСЛИВИ ЗА НОРМАЛНИОТ УМ

0
1779

Се чувствувам одговорен донекаде дека Груевски стана премиер – вели овој опозиционер на Грувски во неговата партија во интервјуто за еден бугарски медиум. – Во 2006 година искрено верував дека Груевски е човекот на промената, дека ќе ја однесе земјата во ЕУ и дека ќе ни донесе посветла иднина. Но, по некое време, сфатив дека тој нема намера да се приклучи кон ЕУ.

Lazarevik

Владимир Лазаревик е лидер на граѓанското движење “Има иднина” во Македонија. Тој е дел од внатрешната опозиција во владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот 2006-2008 година Беше заменик-министер за здравство на Македонија.

Тој е еден од членовите на модерната Амстердамска тројка, заедно со Никола Димитров и Перо Димшовски, која е силно опозициско јадро во Македонија. Тројцата се пријатели и колеги, кои се обединети од иста идеја – да побараат политичка одговорност лично од Никола Груевски, како и од страна на Владата, предводена од него.

Господине Лазаревик, што точно се случи во Куманово во изминатиот викенд? Владата соопшти дека е искоренета најопасната терористичка група на Балканот во една неверојатно успешна полициска акција. Премиерот Груевски најави дека со акцијата се спасени животите на 8 000 лица од Куманово.

– Всушност, мислам дека полициската акција во Куманово е исклучително аматерска. Таа овозможи да загинат осум полицајци, што не би се случило ако државата и полицијата беа организирани. Случката е последица од политичката криза, која тече во Македонија веќе четири месеци. Таа е резултат од прва изјава на Груевски од 31 јануари, кога тој објави дека Македонија е нападнат од странски сили, со цел да ја дестабилизираат. Тогаш премиерот започна напад врз лидерот на опозицијата Зоран Заев. Уапсени се три лица под обвинение дека соработуваат на странски тајни служби.

Секако, зборовите на Груевски се лага. Ова се открива и низ трите инциденти, кои се случија неодамна. Едниот беше наводна бомба во соседството со зградата на Владата, прогласена за “терористички напад” од портпаролот на МВР. Вториот беше нападот во Гошница, кога терористичка група влезе во Македонија, задржано кратко четири полицајци во карауклата а потоа ги ослободи. И конечно се случи овој напад во Куманово, што е трагичнен настан со многу жртви. Покрај загинатите полицајци жртви има и меѓу терористичката група која најверојатно е составена од платеници. Во Македонија нема никаква основа за етнички конфликт во овој момент.

Има ли корист за владата од овие три настани? Можно ли е тоа да ги испровоцира?

– Кој ја има користа од она што се случило? Не се тоа граѓаните на земјата – Македонци, Албанци и сите други жители. Корист има владата, која е под невиден притисок. Речиси сите министри се обвинети дека учествувале во незамисливи за нормален ум кривични дела. Ова се разбира од записите дистрибуиран од Зоран Заев. Од нив, станува јасно дека над 20 000 луѓе биле прислушувани и следени – распон, кој не бил достигнат дури и од комунистичката тајна служба од времето на Југославија. Но, Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков успеале да го сторат тоа. Тие ги следеле деноноќно. Само дел од инкриминирачки записи се достапни на Зоран Заев. Има уште многу такви записи и не е јасно веќе кој кого прислушува. Луѓето на Груевски окупираа целата земја. 70 отсто од нејзината економија е под контрола на премиерот.

Случувањата денес кај нас личат на филмот “Операција Шменти-капела” на Влади Вргала (филм за тоа како шефовите на бугарските тајни служби се готват за транзицијата во 1989, кога го села капиталот од земјата во странство – н.з.). Македонија е земја во која владее девет години иста гарнитура. Поделбите имаат корен на настани уште од 1945 година Сега врската со комунистичкото минато се распаѓа. Ние сакаме да помогнеме таа да се распадне засекогаш.

Против Груевски беа започнале протести. Но, по инцидентите во Куманово тие престанаа. Што е следно за опозицијата оттука понатаму?

– Јас сум во внатрешна опозиција на Груевски. Мојата партија е ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов е во многу тешка позиција и не знам дали ќе успее да преживее. Таа се соочува со најголемиот предизвик во историјата. Се чувствувам директно одговорен за она што се случува во ВМРО-ДПМНЕ.

Друга опозициска сила е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на Зоран Заев. Тој ги повика луѓето на граѓански, а не на партиски протести. Тоа го направи и Стево Пендаровски, кој не е член на СДСМ, но бил нејзин кандидат за претседател. Овој протест беше поддржан од нашата граѓанска организација “Има иднина”. Поканивме да искажат своето недоволоство сите кои сметаат дека треба да се против тоа како Груевски управува со земјата.

Случката во Куманово ја става земјата во ризична позиција. Сега протестите не се приоритет. Уште поважно е да се смират страстите од сите страни. И да се побара одговорност од премиерот. Амбасадорите на ЕУ и САД беа на средба со Груевски и неговиот искажаа неодобрување за начинот на кој се справува со политичката криза и со она што се случи во Куманово. Ние веруваме дека може да се дојде многу брзо до неговата оставка.

Се сеќавам многу добро каква беше ситуацијата пред три години во Бугарија, кога на улиците се демонстрира и имаше луѓе кои се самозапалуваа во резултат на кризата. Ние сме многу блиску до сличен јавна катарза. Луѓето не можат повеќе да го издржат начинот на кој се управува со земјата и стравот кај граѓаните потои. Во моментов кај нас не можеш да разговараш нормално дури и со пријател.

Но, денес најголем предизвик е како да се заштитиме мирниот протест да не прерасне во поголем конфликт. Владата на Груевски може да тргне кон ескалација, да организира контрапротести против демократските демонстрации, што е класичен комунистички метод на управување преку поделба, и да добиеме голем конфликт. Разумните луѓе сакаат да го избегнат тоа.

Што ве мотивира вас лично да станете внатрешна опозиција против Груевски?

– Се чувствувам одговорен донекаде дека Груевски стана премиер. Бев негов советник меѓу 2004 и 2006 година, пред да стане премиер. Го напишав сегментот за здравство во изборната програма “100 чекори”. Го советував за многу сегменти на политиките кај надворешно-политички прашања. Во 2006 година искрено верував дека Груевски е човекот на промената, дека ќе ја однесе земјата во ЕУ и дека ќе ни донесе посветла иднина. Но, по некое време, сфатив дека тој нема намера да се приклучи кон ЕУ. Сака да се поделиме одвнатре и да создаде конфликт со речиси сите соседи – со Бугарија, Грција, Албанија. Поддржува врска исклучиво со Србија, која според мене доаѓа од времињата на југословенските тајни служби (УДБА) и станува очигледна.

Вие често посетувате Бугарија. Што очекувате да направи Бугарија за Македонија во оваа ситуација?

Според мене отворените прашања кои Македонија има со Бугарија и Грција, и тоа е дело на политичарите, кои никогаш не сакале да ги решат конфликтот. Со Бугарија имаме договор за добрососедство, кој не можеме да го потпишеме. Зошто? Бидејќи никој кај нас не сака да го потпише. А Бугарија е европска земја и принципиелно би требало да е најголемиот пријател на Македонија, на патот за Брисел.

Но, во Бугарија исто така нема посебна поддршка за Македонија. Проблемите се и кај двете страни. Кај вас има политичари кои тврдат овие денови, дека Македонија ќе се подели или зборуваат за Голема Албанија. Тие постојат на политичката сцена само поради македонската тема, инаку не би имало што да прават во бугарската политика. Овие прашања треба да се решат како во Македонија, така и во Бугарија – преку дијалог и позитивен став од двете страни.

Очекуваме прво Бугарија да заземе нормална позиција во духот на ЕУ. Не да се занимава со внатрешните проблеми на Македонија, кои доаѓаат од историјата. Досега Бугарија ја поддржувала Македонија во многу аспекти, но мислам дека во последниве години тоа можеше да биде изразено многу посилно. Претежно спрема македонскиот пат кон Брисел. Секогаш сме забележале дека Софија има специјални односи со Атина. Мислам дека по многу прашања Бугарија ја поддржува повеќе Грција отколку Македонија. Тоа не е фер според нас. Бугарија може да помогне во односите на Македонија и со Грција, и со ЕУ. Треба да водиме дијалог.

Како влијаат геополитичките интереси во сегашната ситуација?

Геополитичките интереси на Македонија секогаш се разминуваат со оние на Русија и САД. Македонија има само една стратешка цел – да биде дел од ЕУ. Не ни интересира ништо друго. А во изминативе години видовме дека владата на Никола Груевски се обраќа на Русија. Тоа беше сериозен знак за нас дека ние се оддалечуваме од ЕУ и одиме некаде на друго место. Од друга страна, по 2008 година, кога на самитот на НАТО во Букурешт Грција јасопна македонската кандидатура за Северноатланскиот пакт, кај нас во одговор започна исклучително силна антигрчка кампања. Проектот “Скопје 2014” е производ на неуспехот на земјата да влезе во НАТО. По 2008 година Груевски покрена секакви иницијативи против Грција и прашањето за името на државата стана нерешливо. Неговата политика е да се вози со соседите. Денес сме соочени со шанса за нов почеток и нова политика, која е либерална и демократска, и ќе овозможи Македонија да разговара со сите рамноправно и да влезе таму каде што и е местото – во ЕУ без граници.

Што следува оттука натаму за Македонија?

Прво – оставката на премиерот Груевски. Очекувам ја пред јуни. Потоа ќе има службената влада, која ќе управува со најмалку една година, додека подготви нови избори. Тоа ќе треба исто така да се во костец со политизацијата на сите институции кои се под контрола на Никола Груевски и неговиот круг. Ќе е крајно предизвикувачки да се поврати довербата на луѓето во политичарите. Да се занимавате со политика во Македонија е голем ризик. Јас не сум имал политичка кариера. Занимавал сум се со здравствена политика, што е нешто друго. Но, кога имате пред себе диктатура, треба да се оди против неа.

Па ако се појави некој нов Груевски?

Мислам дека нема да може. Ќе се обложи политичкиот мандат на секој премиер да е максимум 4 години. Еден политичар на Балканот нема што повеќе да се покаже по истекот на овој период, но пак обично губи контактот со реалноста. Во Македонија главен проблем е како да се обезбедат работни места. Имаме над 30 отсто невработеност. Владата на Груевски има интерес од една страна да раздува државната администрација, бидејќи тоа му дава повеќе јавна контрола и поддршка, а од друга да не го решава прашањето со невработеноста, бидејќи на тој начин ги задржи луѓето економски зависни. Всушност македонските политичари се зафатени со назначување и управување на лојални вработени во администрацијата, наместо со реални политички активности.

Извор: Глобус магазин