ЛАЖНА ВЕСТ НА ПОРТАЛИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ Е ДЕКА Е ОПРЕДЕЛЕН ПРИТВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО МАРЈАН ЈАНЕВ

0
738

Според неофицијални информации нашата редакција од извор на МВР дознава дека вестите изнесени за наводни притвори на неколку функционери и активисти на СДСМ на портали блиски на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се лажна вест и измислица.

Лажните вести поврзани со оваа објава околу наводниот притвор на Марјан Јанев и уште едно лице од општина Василево по извршени проверки од наша страна и извор на МВР утврдивме дека тоа апсолутно не е точно. Во самите текстови е наведено и дека е определена мерка притвор за наведените од страна на јавен обвинител иако општо познато е дека од страна на Јавен обвинител и не може да биде определена мерка притвор.