Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со краток рок, ДКСК потврди нема судир на интереси во случајот на Спасовски или финансиска поврзаност со бензинската станица

0
770
Уште една лага во низата им падна во вода на ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем,уште еднаш се потврди дека  целиот концепт на функционирање на оваа партија се темели на креирање на лажни сценарија и измислици кои потоа се побиваат со факти од релевантни институции.
Овојпат, нивните лажни обвинувања беа и институционално потврдени како такви и од страна на  Државната комисија за спречување на корупција.
Имено, ДКСК потврди дека поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички преглед во Куманово. Ова денеска едногласно го изгласаа членовите на Државната комисија за спречување на корупција постапувајќи по негово лично барање, а иницирано од пишувањето во одредени медиуми.
Што се однесува на судирот на интереси помеѓу советникот на министерот и еден од сопствениците на бензинската пумпа ДКСК констатира дека целата постапка е спроведена според законот за возила и испочитувани се сите процедури во МВР.
Со ваква тактика ВМРО-ДПМНЕ само си пресудува. Освен лаги, нема што друго да им понуди на граѓаните.
Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе.