Куче чиј газда погинал во сообраќајка постојано стои кај местото на несреќата

0
1176

Ова е уште еден доказ дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Имено, на студениот Сибир, каде температурите се често под нулата, едно куче покрај пат го чека сопственикот кој загинал на тоа место.

Луѓето почнале да го забележуваат верното куче после една сообраќајна несреќа.

Во надеж дека ќе му помогнат, љубителите на животни се обиделе да го фатат, но безуспешно.

Бидејќи не дозволувало да го фатат, почнале да го хранат покрај патот во Беркут.

– Се чини дека не сака да го напушти тоа место и дека го чека сопственикот кој, колку што знаеме, не ја преживеал сообраќајната несреќа. Не верува никому и ги советуваме луѓето да не го допираат, рекла активистката за животни Анастасиа Селин.