КУРТОНИТЕ НА ЌЕРИМ И КАМЧЕВ ВО ПАНИКА : МПМ преку оглас бара 55 новинари за вработување

0
1529

Компанијата „Медиа принт Дооел“, која е фирма ќерка на МПМ што беше отворена неодамна објави оглас за вработување на 55 новинари.

Вработени во МПМ за Фокус велат дека утрово откако бил објавен огласот, настанала паника меѓу вработените, чие вработување е неизвесно.

Според нив, од компанијата им стигнало и известување дека сите кои се заинтересирани може да се пријават на огласот за вработување во новата фирма.

Случувањата во МПМ траат подолг период и новинарите немаат информации кои се плановите за трите весници „Утрински“, „Вест“ и „Дневник“.

Неодамна вработените во медиумите излегоа и на штрајк, поради неисплатени плати кои им ги должеше вработувачот МПМ.