КУРТИ : КОСОВО НЕМА УШТЕ ДОЛГО ДА ГИ ТОЛЕРИРА БАРИКАДИТЕ НА СЕВЕРОТ

0
334

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека патиштата на северот на Косово нема да можат долго да останат блокирани и дека е во постојана комуникација со КФОР за овој проблем.-Во редовна, континуирана и интензивна комуникација сме со КФОР и очигледно барикадите нема долго да се толерираат, изјавил Курти, пренесува босански „Кликс“.Единаесет дена поминаа откако беа поставени барикади на северот на Косово. Ултрадесничарските групи протестираа во неделата од српска страна на преминот Јариње, а КФОР постави бодликава жица на косовската страна на преминот.

На северот на Косово, локалните Срби ги блокираат патиштата поради апсењето на нивниот сонародник и поранешен припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ. На барикадите се претежно работници вработени во српските институции во Косово, најмногу од областа на здравството и образованието, пишува Кликс.Косовскиот премиер за барањето на Србија да испрати безбедносни сили на Косово вели дека  е нереално, а дестабилизацијата на Косово е единствената цел на протестите на границата.