КУМОТ НА МИЈАЛКОВ ЌЕ ГО ЛАПНЕ МРАКОБЕСИЕ ВО ШУТКА ИЛИ ИДРИЗОВО : СЈО бара итен пристап до телекомуникациски оператор

0
3209

Судија во претходна постапка од Основниот суд Скопје на истражителите од Специјалното јавно обвинителство не го уважил барањето за да може се изврши претрес во простории на телекомуникациски оператор, кој претходно одбил да соработува со СЈО.

Го пренесуваме сооопштението на СЈо во целост:

„Со Решение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, уважена е несогласноста која судијата на претходна постапка ја дал во врска со нашето барање за издавање наредба за пребарување на компјутерски системи и компјутерски податоци.
Во образложението Кривичниот совет наведува дека наредбата е нејасна, непрецизна и општа и дека не е наведено прецизно одреденото место или опис каде ќе се изврши претресот, без да биде наведена адресата, конкретниот сектор или оддел во компанијата, ниту е наведен конкретен опис на видот и карактерот на уредите – компјутери.

Појаснуваме дека во барањето за издавање наредба за претрес наведен е називот на системите, односно носителите на податоци, наведено е конкретно кои податоци се бараат и од кој телекомуникациски оператор конкретно. Сепак, во насока на постапување по забелешките на Судот, упатено е барање до телекомуникацискиот оператор за итно обезбедување на податоците кои според наоѓањето на Судот се неопходни за издавање на наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци“, се вели во реакцијата.