КУЗЕВСКА : РАКОВОДСТВОТО НА СОНК ИМ ПРАВИ ШТЕТА И НА ШТРАЈКУВАЧИТЕ, НАСТАВАТА ДА ПРОДОЛЖИ, ПРАВАТА НА ДЕЦАТА СЕ НАЈВАЖНИ

0
596

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Одбивањето на предлогот за зголемување на платите во образованието од страна на раководството на СОНК, наликува на политички мотивирано дејствување и уценување на штета на учениците.

Владата излезе со конкретен предлог за зголемување на платите во просек од 2.500 до 3.000 денари и создавање на нова методологија која ќе обезбеди континуиран раст на платите во образованието и детската заштита согласно економските движења во државата.

Сето ова Владата го прави во време на криза и во период кога се уште течат роковите за усогласување на платите со порастот на минималната плата.

Според Законот, рокот за зголемување на платите е шест месеци, а повисоката минимална плата беше исплатена за месец март.

Истовремено, раководството на СОНК треба да биде искрено кон штрајкувачите кога станува збор за исплата на плати за време на штрајкот.

Тоа е јасно наведено и во Општиот колективен договор и во Законот за работни односи.

Во ставот два од членот 54 од Колективниот договор стои дека Работодавачот е должен да исплати придонеси од плата за време на штрајкот за работниците кои учествувале во штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците.

Штрајкот на СОНК е штрајк за унапредување на правата а не штрајк поради кршење на правата на работниците, па оттаму, работодавачот има обврска да исплати само придонеси на плата, а разликата до целосната плата треба да ја обезбеди организаторот, во случајов СОНК.

Почитувани,

Раководството на СОНК воопшто, ниту еднаш не ги спомна учениците и децата, кои се најважни, ниту пак родителите кои самото раководство на СОНК ги става во неизвесност.

Одредени рокови како оној за државната матура и уписите во странство веќе се доближуваат и ова може да нанесе штета на илјадници матуранти.

СОНК мора да знае дека правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано и истовремено најважно е правото на образование на учениците.

Ракводството на СОНК треба да го прекине штрајкот и да дозволи продолжување на наставата, затоа што на маса има конкретен предлог.

Сите мора да се водиме од интересите на децата, на учениците, затоа што тие се иднината на нашата држава.