КРИСТИЈАН ЛАНДОВ ОД А1ОН ПОРТАЛОТ ГО РАСТУРИ АНТОЊО КАКО КАМЕЊАРКА ЗА ДВЕ ЧЕРВЕНИ : И ДОКУМЕНТ ОД ТЕТОВСКИОТ СУД ГО ПОБИВА МИЛОШОВСКИ ДЕКА НЕ БИЛ ОСУДУВАН ВО ГЕРМАНИЈА И ДОКАЖУВА ДЕКА НАПРАВИЛ КРИВИЧНО ДЕЛО

0
1313

Запис од казнена евиденција одновно го побива тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој велеше  дека не е осудуван во Германија. Документот до кој дојде „А1он“, а е издаден од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот од претходната година, покажува дека тој бил двапати осудуван. Ова е втор документ  кој го демантира Милошоски, кој велеше дека не сторил кривични дела во Германија.

Листата од казнена евиденција е издадена од тетовскиот суд, а на документот има потписи од вработените лица кои ја изготвиле и провериле, како и од заменик претседателот на судот. На документот има печат и од Основниот суд во Тетово.

Во документот стои: „Парична казна 40 казнени единици по 20 евра за кривично дело кражба“ и „Парична казна 20 дневници по 20 евра за кривично дело фалсификување на исправи“.

„Има записи во казнена евиденција“, пишува во листата од казнената евиденција на Милошоски.

Со овој документ се поткрепуваат тврдењата на „А1он“, за кој Милошоски велеше дека се дезинформации. Како што објавивме, тој бил осуден во 2004 и 2005 година во Ахен, Германија. Иако негираше, и документите издадени од судот во Тетово покажуваат дека тој бил осуден за фалсификување на исправи.

Според датумите, документот за листа од казнената евиденција е издаден непосредно пред ланските парламентарни избори, кога Милошоски беше кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, „А1он“ објави и документи од Германија , на кои се гледа донесената пресуда за Милошоски во судот во Ахен.

„А1он“ упати и покана за видео интервју до Милошоски, каде меѓудругото, ќе може да одговори за какво фалсификување на исправи е осуден, но до овој момент, не добивме одговор од него.

Претходно, Милошоски за „А1он“ негираше дека сторили кривични дела и дека бил осудуван  во Германија, а потврди дека во периодот, во кој според документите сторил кривично дело, престојувал таму. Тој посочи дека точниот одговор за тоа дали му било судено може да го даде Амбасадата на Германија или германското МНР.

Извор : А1он