КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ – ТЕОРИЈА И ПРАКСА НА МЕЃУНАРОДНО НИВО НА ВЕЖБАТА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“ ВО ОХРИДСКО-СТРУШКИОТ РЕГИОН

0
513

Во Охридско-струшкиот регион заврши големата меѓународна вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“. Вежбата е од областа на кризниот менаџмент, во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центар за управување со кризи (ЦУК).

На завршната церемонија директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од НАТО страна, Вим Ванхеим, а од земјата домаќин, д-р Урим Вејсели, одржаа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички. Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.

Ова е прва цивилна НАТО вежба во Република Северна Македонија која од областа на кризниот менаџмент, којашто заради состојбата со пандемијата од „Ковид 19“ истовремено се одвиваше и теренски и штабно, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше домаќин, односно организатор на сите активности поврзани со вежбата, заедно со надлежните институции коишто се дел од Системот за управување со кризи во координација со колегите од НАТО. Како дел на вежбат беше и дводневниот научен ВИП симпозиум, каде што се одржа дискусија помеѓу високи претставици на НАТО, членки на НАТО, земји партнери, меѓународни организации и невладини оргнизации. Се реализираше  во периодот од 20 до 23, заклучно со 24 септември 2021 година кога учесниците заминаа од Охрид и Струга кон своите земји.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на капацитетите преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, со што би се зајакнале националните капацитети за одговор при итни ситуации.

Сценариото за вежбата се базира на урбани операции за: пребарување и спасување, планинска потрага и спасување, одговор на поплави, одговор на хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и кампањи за лажни вести што ќе влијаат на цивилното население и критичната инфраструктура во областа околу градовите Охрид и Струга. Истовремено, за првпат се тестираше на вежба кај нас и оперативно НИКС – Нато командниот систем за инциденти (NICS), којшто во Западен балкан го развива ЦУК, во име на нашата држава.