КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СКОПЈАНЕЦ ЗА “ФАЛСИФИКУВАЊЕ ПАРИ”

0
522

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” казниво по член 268 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 24.01.2022 ја пуштил во оптек при купување на производи во продажен објект на ул.„Жегљане“ во Скопје.